Facebook Messenger сега нуди можност да се забавувате додека ги играте вашите омилени игри во апликацијата. Компанијата е подготвена со нова функционалност која целосно ќе ја промени оваа функција на мобилната апликација. Facebook го претстави т.н. „Augmented Reality (AR) Games Over Video Chat“, која како што сугерира, претставува игри со проширена реалност. Се разбира, повторно можете да ги поканите вашите пријатели и да ги измерите своите сили со нив, но веќе ќе биде возможно во формат AR, објави AndroidCommunity.
Во моментов се достапни само две игри кои користат „Augmented Reality (AR) Games Over Video Chat“. Првата се вика „Don’t Smile“ и целта е да издржите подолго пред да се насмеете. Другиот наслов е „Asteroids Attack“ и мора да уништите парчиња на астероиди кои доаѓаат кај вас. Водечките програмери веќе работат со Facebook за оптимизирање на оваа функционалност. Многу наскоро бројот на додадени игри во Facebook Messenger ќе се зголеми значително.
Поврзани артикли