Деведесет и пет отсто од светската популација на лемурот е на работ на истребување, што ги прави најзагрозените видови на Земјата, објави Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН).
Лемурите, симпатични арбореални примати со издолжена муцка и големи очи, живеат само на Мадагаскар, каде што се загрозени со сечењето на шумата, ширењето на земјоделското земјиште, ловот и рударството.
„Ова е, без сомнение, највисок процент на закана за секоја голема група цицачи и секоја група на ‘рбетници”, изјави Рас Митермејер од ИУЦН.
Од вкупно 111 видови и подвидови на лемур, загрозени се 105.
„Лемурите се за Мадагаскар исто што и големите панди за Кина, ‘златни кокошки’ кои привлекуваат туристи и љубители на природата”, велат од Мадагаскарската група за заштита на животните ГЕРП.
На крајот од својата изјава, ИУЦН стакнува дека започнува голем акциски план за заштита и преживување на лемурот.
Поврзани артикли