За првпат астрономите имаа прилика да набљудуваат ѕвездена ерупција на далечна ѕвезда. Ерупцијата исфрли огромна количина на материја од короната на оваа ѕвезда, 100 пати повеќе отколку што може да исфрли сонцето.
Овој тип на исфрлање на плазма и наелектризирани честички е честа и позната појава за сонцето, но досега ваков тип на ерупција не беше забележана на друга ѕвезда.
Откритието помага во пресметките за тоа дали една планета може да поддржува живот каков што го знаеме.
Ѕвездата каде што е откриена ерупцијата е 450 светлосни години одалечена од нас и е три пати помасивна и десет пати поширока од сонцето.