Сигурно сте ја забележале најновата функција на Google Maps со помош на која можете да ја видите реалната оддалеченост меѓу две точки. Алатката е достапна и за „Андроид“ и за iOS, а за оддалеченоста меѓу две точки можете да се информирате и ако ја рагледувате мапата на Google Chrome пребарувачот. Освен тоа, алатката овозможува и мерење на површината, потребно е само да се спојат почетната и крајната точка.
За да ја искористите новата алатка во Google Chrome, треба да кликнете на некоја локација со десен клик, во новоотвореното прозорче имате опција „измери ја оддалеченоста“ (Measure distance). Потоа кликнете на локацијата од каде сакате да тргнете и на крајната дестинација. Ако линијата е права, Google ја пресметал воздушната оддалеченост, но ако меѓу двете крајни точки додадете уште неколку, можете да го исцртате патот и да ја пресметате реалната оддалеченост. Притоа, на дното на екранот ќе ви биде прикажана оддалеченоста. На истото место ќе се појави и површината кога ќе ги споите почетната и крајната точка.
Сепак, треба да знаете дека пресметаната оддалеченост не е 100 отсто точна бидејќи теренот не е рамен, а на патот има разни пречки.