Главниот човек во одделот за безбедност во Facebook, Алекс Стамос, ја напушти компанијата откако во мај оваа година беше најавена реорганизација на целосниот оддел. Тој беше член на компанијата од 2015 година и имаше многу важна улога за компанијата.
Стамос си заминува во моменти кога Facebook е на удар поради ширење дезинформации на нивната социјална мрежа како и криза во врска со безбедноста на приватните податоци на корисниците на оваа платформа. Тој рече дека сега се зад него три тешки години.
„Бев горд што работев со најпосветените и највештите професионалци за безбедност во светот во една од најтешките ситуации со кои една технолошка компанија некогаш се соочила“, напиша Стамос на неговиот Facebook профил.
Facebook засега не го именуваше наследникот на Алекс Стамос, кој беше на удар на критики поради скандалот поврзан со американските претседателски избори и компанијата Cambridge Analytica. Тој го опиша скандалот како „прекршок“.
„Требаше подобро да си ја работам работата“, рече Стамос.
Алекс Стамос отсега ќе работи на Универзитетот Кембриџ со нова работна група која ќе се фокусира на информирање на политичари, медиуми и други професии околу новите закани кои доаѓаат од интернетот.