Компанијата Motorola го претстави својот нов флегшип уред Moto Z3 што доаѓа со Moto Mods додаток за 5G.
На настанот во Чикаго, присутните дознаа дека димензиите на новиот смартфон се идентични како на моделот Moto Z3 Play, а истото важи и за позицијата на скенерот за отпечаток од прст, но главниот и долго очекуван новитет е официјално достапната карактеристика 5G, кога на него ќе се прикаќи соодветен Moto Mod.
Чипсетот е базиран на платформа Snapdragon 835 со 4 GB RAM и 64 GB меморија.
Moto Mod 5G ќе се продава одвоено и со него ќе се испорачува батерија со капацитет од 2.000 mAh, што е значителен додаток на интегрираната батерија од 3.000.
Mod-от функционира така што прво ја користи енергијата на дополнителната батерија, а потоа интерната батерија.
Moto Mod 5G ќе биде достапен во почетокот на 2019 година и ќе биде прилично голем. Цената на смартфонот Moto Z3 изнесува 780 долари и ќе почне да се продава од 18 август.
https://youtu.be/jeEUR0nNjO8