Естонија формираше сајбервоена единица, со цел да се брани од интернет напади, јави ДПА.
– Естонија е кибердржава и тоа исто така значи дека ние треба да ги заштитиме нашите системи за сајбер безбедност во цивилната и воената сфера, изјави естонскиот министер за одбрана Јури Лујк. Тој истакна дека секоја конвенционална војна во наше време има и сајбер димензија.
Воената единица брои околу 300 лица и е предвидено да се здобијат со целосна оперативна готовност до 2023 година
Естонија беше подложена на кибер напади на национално ниво во 2007 година. Нападот ги извади на површина слабостите на малата балтичка земја, која инаку е лидер во областа на дигитализацијата – погодени беа владата, економијата и медиумите. Оттогаш Естонија презеде мерки за да се брани против таквитенапади.
Од 2008 година во естонскиот главен град Талин е воспоставен центар на НАТО за сајбер одбрана.
Поврзани артикли