Windows е најпопуларниот компјутерски оперативен систем со децении. Клучна промена во стратегијата на Microsoft и начинот на кој таа ја нуди платформата на корисниците. Идејата е наместо да се поседува лиценца за новата верзија на Windows за традиционален период од неколку години, да ја изнајмуваме и плаќаме месечна претплата. Ова е т.н. „Dekstop-As-A-Service (DaaS)“ пристап, кој во моментов се нуди од популарни сервиси како VMware и Citrix, пријави ComputerWorld.
Новиот концепт го носи името Microsoft Managed Desktop и нуди ефикасно решение на проблемот со латентноста во постарите верзии на оперативниот систем. Користењето на DaaS системот ќе одземе дел од контролата, која сега ја имаме над своите компјутери, бидејќи ќе им овозможи на Microsoft автоматски да надградува и обезбедува закрпи за безбедност до уредите. На овој начин секој ќе може да користи ажурирана верзија на Windows 10, кој ги нуди најновите функции за период од еден месец, откако ќе плати соодветна месечна претплата.
Microsoft планира да ја обезбеди услугата Managed Desktop на најголемите деловни корисници, како и на обичните корисници. Во моментов, многу луѓе не се задоволни од стандардниот двегодишен период за надградба на Windows, кој скоро секогаш е поврзан со многу проблеми предизвикани од ажурирањата. Microsoft Managed Desktop ќе го прекине овој проблем и ќе понуди брз пристап до најновите карактеристики на платформата. Овој бизнис модел во голема мера личи на начинот на кој Office 365 ја извршува услугата на компанијата.