Полицијата соопшти дека човек од Калифорнија загинал на автопат во државата Конектикат.
Во соопштението се наведува дека човекот случајно го испуштил телефонот од прозорецот и потоа го запрел возилото за да го земе уредот.
Полицијата информира дека загинатиот Хоа Ного (34) од Сакраменто бил со уште тројца другари во камионет, објави АП.
Тој го паркирал возилото на страната од автопатот и претрчал преку три ленти за да стигне до телефонот. Кога се упатил кон своето возило, бил удрен од автомобил и им подлегнал на повредите.
Во врска со случајот не е покренато обвинение, информира агенцијата.
Извор: Макфакс
Поврзани артикли