Huawei испрати покани за настан на 31 август на IFA саемoт во Берлин. Засега нема детали на што ќе биде посветен, но не е исклучено на него да биде претставен новиот чипсет Kirin 980, бидејќи минатата година на IFA видовме Kirin 970.
Според досегашната неофицијална информација, во новиот чипсет ќе биде графичкиот акцелератор кој за прв пат ќе биде сопствен развој на компанијата и гласините велат дека е до 50% побрз од Adreno 630.
Kirin 980 се очекува да биде 8-јадрен и да ги вклучи се уште необјавените официјално од ARM јадра Cortex-A77. Чипсетот ќе биде изработен по 7 nm технологија од TSMC, а освен тоа ќе нуди и подобрени можности за вештачката интелигенција.
Засега, речиси е сигурно дека Huawei нема да претстави нови телефони во Берлин. Брендот Honor ќе има индивидуален настан во германската престолнина ден порано и на него може да видиме меѓународната верзија на Honor Note 10, кој ќе биде претставен утре.
Поврзани артикли