Тим кој што работи во Istituto Italiano di Tecnologia создаде робот со име Centauro кој е висок околу 1.2 метри и има 4 нозе. Роботот е тежок околу 90 килограми и засега има капацитет за работа околу 2.5 часови. Намената му е да работи во случаи на сериозни несреќи заради можноста да се движи на нерамен терен и да пренесува поголема тежина.
Креаторите го оспособуваат овој робот за работа заедно со луѓе во продукциски погони, логистички операции, одржување на недостапни локации или локации кои се штетни за луѓето. Роботот може да биде користен и за безбедносни акции како што е отстанување на експлозивен материјал.
Поврзани артикли