Откако врати дел од позициите на Nokia на пазарот за паметни телефони во Европа и Азија, компанијата HMD Global има намера да го нападне и американскиот пазар, ако се суди според огласите за работа во LinkedIn.
Продажбите на ревитализираниот бренд во Азија и Европа расте со солидно темпо и по се изгледа дека Nokia смартфоните наскоро ќе станат достапни и преку океанот. HMD објавила оглас во LinkedIn за вработување на двајца менаџери во САД – за производи (во Сиетл) и е-трговија (во Далас).
Со оглед на финските корени на HMD Global, едвај ќе биде тешко за компанијата да склучи договори со телекомуникациските оператори на пазарот во САД, кои се клучен фактор во бизнисот со смартфони.
Не е исклучено дека HMD ќе влезе на американскиот пазар истовремено со објавувањето на својот следен Nokia предводник. Според првичните информации, уредот ќе понуди уникатна мулти-модулска камера, наречена Light.
Поврзани артикли