Човековата интелигенција, сеќавањата и сетилата ќе бидат поврзани со машини веќе во 2050. година, со што луѓето ќе стекнат електронска бесмртност.
Сепак. најголемата опасност е тоа што е можно во целиот тој процес да дојде до губење на сопственоста над сопствениот ум, тврди футуристот др. Иан Пирсон.
Платформа
“Додавањето на надворешна машинерија во нашето тело, што ќе ја подобри нашата интелигенција, сеќавања и сетила, ќе биде можно веќе околу 2050. година. Тогаш 99 проценти од нашиот ум, наместо во мозокот, ќе биде во надворешната технологија. Тоа нема да биде “upload” на умот, туку тој ќе расте со новата платформа. Еден ден, кога нашето тело ќе умре, ќе продолжиме да живееме во IT облак. После тоа, умот ќе може да се спои со тело на андроид, па луѓето ќе може да присуствуваат на сопствениот погреб”, тврди др. Пирсон.
Како што вели, сите ќе можеме да менуваме колку тела и да посакаме.
Привремени садови
“Ќе бидеме бесмртни додека серверите работат. Тоа можеби не е вистинска бесмртност, но е еден вид – ќе постоиме и откако телото ќе престане да работи. И тоа е добро. Меѓутоа, постои еден момент – машините се привремени садови, но тие нема да бидат во сопственост на лицето кое умрело. Тие ќе бидат он-лајн и ќе им припаѓаат на некоја корпорација од типот на “Google”, “Facebook” или “Apple”. Многу е можно електронската бесмртност да доведе до тоа повеќе да не сте сопственик на сопствениот ум”, вели др. Пирсон.
Извор: Kurir.rs