Корисниците на Instagram од неодамна имаат прилика да видат кој од нивните пријатели е активен на оваа социјална мрежа, а тоа не им се допадна на многумина.

Имено, последната промена која ја донесе Instagram е зелената точка која се појавува покрај името на корисникот, а која означува кога некој од вашите пријатели е активен.

Истото постои и на Facebook Messenger.

Станува збор за продолжување на промените од пред неколку месеци, кога беше овозможено во пораките да видиме кога некој од пријателите бил последен пат активен.

Добро е тоа што оваа опција може да биде исклучена, што посебно ќе ги израдува оние на кои ова им смета, бидејќи многу пријатели би им „здодевале“ со пораки, кога би забележале дека се вклучени.

iOS

На iOS уредите морате да се префрлите на прозорецот од вашиот профил, односно да ја одберете последната иконка на дното од екранот. Со клик на опцијата Settings, ќе ви се отвори листата на сите алатки. Доближете се со екранот до „Приватност и безбедност“ и овде ќе можете да ја видите опцијата за „Статус на активност“, која ќе имате можност да ја исклучите.

Android

Работата е прилично слична како и на iOS. Прво морате да кликнете на својот профил, но опцијата Settings овде не се наоѓа во горниот десен агол (три точки). Потоа повторно морате да влезете во делот „Приватност и безбедност“, па да го префрлите „Статусот на активност“ во исклучено.

Извор: B92.net