Доколку телефонот ви паднал сосема случајно во солената вода на морето, треба да делувате брзо и да ги послушате следните совети.
Ако телефонот ви е во футрола, извадете го од неа.
Ништо не притискајте
Колку и да ви е голема потребата за да го вклучите и да проверите дали работи или не, не го правете тоа.
– Не го вклучувајте телефонот
– Не се обидувајте да го користите екранот
– Не притискајте ниедно копче
– Не го користете телефонот воопшто
Извадете ги сите сим-картички
Веднаш да ги извадите сите сим-картички, а доколку користите и SD картичка, извадете ја и неа.
Ако приметите течност во било кој дел од телефонот, пробајте да ја отстраните со помош на суви ткаенини. Најдобро решение е антистатик-крпа.
Натопете го телефонот со алкохол
Ова можеби звучи како чуден совет, но доколку телефонот ви падне во солената вода, тоа е следниот чекор. Потрудете се да користите само 99% изопропил алкохол.
Ако постои и најмала можност кристалните соли или солената вода да успеат да го уништат вашиот телефон, ќе сакате сето тоа веднаш да го отстраните.
Не само што солената вода е добра во создавање електрицитет, таа може да доведе и до корозија.
Затоа алкохолот е совршено решение за чистење, а притоа и брзо се суши. Но, најдобро од сè, тоа е течност што не е проодна и со самото тоа сте ослободени од грижата дали ќе дојде до краткок спој.
Кога телефонот ќе го потопите во алкохол, треба да не го користите барем еден до два часа.
Потоа, потрудете се од телефонот да го извадите целиот алкохол и да ја исушите надворешноста со сува крпа.
Пред крајот, оставете го телефонот да се суши барем еден ден, или колку и да му е потребно за да се исуши потполно.
Обидете се да го вклучите
Откако одвоивте доволно време телефонот целосно да се исуши, можете да го вклучите.
Доколку навреме сте интервенирале, алкохолот ја наравил својата „магија“ и вашиот телефон би требало 100% да е функционален.