Новата картичка наречена iSIM не се разликува драстично од eSIM, но е радикално помала.
Замената за SIM картичката ќе биде интегрирана директно во процесорот, поради што зазема помал простор дури и од технологијата eSIM каква што користи паметниот телефон на Google – Pixel 2 и паметниот часовник на Apple – Watch 3.
Концептуално, новата картичка наречена iSIM не се разликува драстично од eSIM, но е радикално помала.
Додека eSIM зазема површина во внатрешноста на паметниот телефон од 6х5 милиметри, iSIM може да се смести на површина од 1х1 милиметар.
Воведувањето на iSIM би можело да ослободи место за повеќе RAM меморија или поголема батерија во паметните телефони, но и кај уредите од категориите на преносни и таблет компјутери.
На таквата картичка, во теорија, би требало да биде возможно побезбедно складирање на контакт податоците, поставки од телекомуникациските оператори и други корисни податоци.
Освен тоа, корисниците не би морале повеќе да се оптоваруваат со употребата на традиционалните SIM картички, производителите би имале помали трошоци бидејќи не би имале потреба од нивно производство, додека уредите би можеле да станат поотпорни на влијанието на влагата и прашината.
Сепак, се чини дека новата технологија најпрвин би заживеала во уредите од доменот на IoT (Internet of Things), пишува “Tech Radar”.