Времето на дигитални апарати е проследено со уредување на фотографиите на компјутерите. Меѓутоа, она што можеше да се прави на голем екран, денеска можете да го правите со помош на апликации на вашиот смартфон.
Порталот „Digital Trends“ пишува за некои од најдобрите апликации за уредување на фотографии, кои можете да ги најдете на Google Play Store, но и на Apple iOS App Store.
Во продолжение ви откриваме кои од нив се бесплатни, а ќе ви помогнат вашите профили на социјалните мрежи да изгледаат совршено.
Photoshop Express
Adobe Photoshop ја објави верзијата Express, која, иако не е толку моќна како компјутерската програма, и понатаму овозможува да исечете некоја фотографија, да ја прилагодите експозицијата и да извршувате разни задачи. Можете да креирате сопствени, однапред наместени поставки, што може да ви заштеди време при средување на сликите на телефон или таблет.
Snapseed
Snapseed е професионална апликација за уредување на фотографии, која ја дизајнираше Google. Има голем број опции за доработка и ви дава контрола над сликите, вклучување на многу алатки кои можат целосно да го променат изгледот на фотографијата, заматување и други опции, како филмски ефекти или единствениот Retrolux филтер.
Можете да додадете ефекти слично како Layers во Photoshop, што овозможува потполно нов резултат, секогаш кога ќе ја уредувате фотографијата.
VSCO
Оваа апликација е дизајнирана со идеја вашите фотографии од паметниот телефон да изгледаат како филм. Покрај вклучените филтри, VSCO ви нуди неколку пакети, од кои секој има посебна естетика за одредени типови на слики.
VSCO, исто така, има и своја интернет заедница, која вклучува професионалци и аматери, од областа на фотографијата и уметноста, кои ги споделуваат своите фотографии едни со други. Покрај професионалните алатки и напредните контроли на камерата, VSCO е одлична апликација за новинарите и професионалците.
Lens Distortions
Оваа апликација е позната по импресивните апликации за desktop уреди, а сега има и мобилна апликација за преработка на слики на Android и iOS. Без разлика дали е филтер во боја, или ефект на поклопување, Lens Distortion има многу реални ефекти кои можете да ги додадете на вашите слики.
Апликацијата е бесплатна за преземање на Android и iOS уредите и вклучува пет бесплатни филтри. Ако сакате пристап до сите филтри, имате можност за претплата во износ од еден долар месечно.
Извор: B92.net
Поврзани артикли