Ова лето, Паркер сондата на NASA ќе биде лансирана со цел да стигне длабоко во атмосферата на Сонцето.
Ако Земјата е на едниот крај од стап долг еден метар, а Сонцето на другиот крај, тогаш Паркер ќе патува на близина од 8 сантиметри од површината на Сонцето.
Сондата ќе патува во внатрешноста на соларната атмосфера, позната како корона. Мисијата има за цел да набљудува што е тоа што го прави сонцето да исфрла секаков тип на честички, енергија и топлина што стигаат далеку после Нептун.
Внатре во короната каде што ќе патува леталото е незамисливо жешко, леталото ќе патува низ материјал со температури поголеми од милион степени додека во исто време ќе биде бомбардиран со огромна количина на сончева свeтлина.
Како сондата нема да се растопи?
Одговорот на ова прашање е во разликата помеѓу температура и топлина. Високите температури не секогаш го загреваат некој објект.
Тоа е поради тоа што во Вселената температурата може да биде илјадници степени, а да не го згрее некој објект значително.
Температурата означува колку брзо честичките се движат, додека топлината мери целосната количина на енергија што тие ја пренесуваат на објектот.
Честичките од сонцето можеби се движат пребрзо(висока температура), но бидејќи вселената е голема и само неколку од нив удараат во сондата, тие не пренесуваат многу енергија (слаба топлина).
Ова заедно со технологијата со која е изградено Паркер леталото придонесува инструментите на него да не се вжештат, со што тие можат да работат без никаков проблем.
Поврзани артикли