Кинеската регулаторна агенција TENAA го одобри новиот фаблет уред на Huawei Honor, моделот Note 10. Со тоа воедно беа објавени и карактеристиките на новиот уред, кој официјално би требало да биде претставен на 31. јули.
Honor Note 10 (кој го носи кодното име Ravel) донесува голем 6,95-инчен AMOLED екран со резолуција 2220 х 1080 пиксели, туку добро познатиот Kirin 970 чип, 6 или 8 GB RAM, како и 64, 128 или 512 GB интерна меморија за складирање податоци.
Се споменува и можноста меморијата да биде проширлива со microSD картички до 256 GB.
Фотографската компонента доста потсетува на актуелниот модел Honor 10. Двојната заднинска камера има еден сензор од 16 и еден од 24 мегапиксели, од кој еден е монохроматски. Сензорот на предната камера има 13 мегапиксели.
Honor Note 10's dimensions leak out, worthy of a 4900 mAh battery – https://t.co/no18yX3oIo pic.twitter.com/8oHZej6fxS
— PhoneArena (@phonearena) July 23, 2018
Оперативниот систем е Android 8.1 Oreo во комбинација со EMUI интерфејсот. Уредот го напојува батерија со капацитет од 4900 mAh.
Димензиите на Honor Note 10 изнесуваат 177 x 85 x 7,65 милиметри, а тежината е 230 грама.
Huawei Honor Note 10 TENNA Leak – Full Specs Unveiled https://t.co/GLf05oC44s pic.twitter.com/tm4EYikT50
— News4c (@news4ccom) July 23, 2018