Microsoft во минатото тромесечје оствари приходи од 30 милијарди американски долари, што е за 17,5 проценти повеќе од истиот период минатата година.
Според извештаите, чистата добивка на Microsoft во вториот квартал годинава достигна 8,87 милијарди долари, додека лани изнесуваше 8,07 милијарди.
Приходите на фирмите во одделението за продуктивност и работни процеси, што го вклучуваат Office 365, пораснаа за 31,1 отсто, на 9,67 милијарди американски долари.
Поврзани артикли