Англискиот премиум производител Aston Martin има огромни амбиции за иднината, откако целосно го стабилизираше бизнисот и прејде во позитива
Британската компанија Aston Martin не само што се насочува кон растечкиот тренд на електрификација на возилата, туку размислува и понатаму. Се повеќе се размислува и за алтернативни начини на транспорт, па по работата на своја подморница, компанијата претстави и свој концепт на авион.
Под името Volante Vision Concept, Aston Martin дава своја визија како ќе изгледа луксузниот воздушен транспорт во иднина.
Засега, проектот е во фаза на концепт, но Volante Vision не е типичен лесен авион, бидејќи ги користи најновите иновации во врска со авионите, електрификацијата и автономните технологии.
Од Aston Martin велат дека нивниот сон е да ја променат иднината на сообраќајот и да понудат нова димензија на слобода.
Извор: DodajGas.mk