На социјалните мрежи кружи загрижувачка снимка со еден куп пластика која плови во Карипското море.

Сцената била забележана на брегот на градот Санто Доминго во Доминиканската република, а покажува колкав замав земало загадувањето.

Има толкава количина на ѓубре што водата воопшто не се гледа, а кога ќе се појават брановите, сликата стаува уште полоша.

Организацијата која се занимава со зачувување на животната средина во овој град, веднаш се фатила за работа и извадила 30 тони пластика која пловела во водата.

„По три дена чистење од морето извадивме 30 тони пластика, а има уште многу работа“, стои во описот на снимката која кружи низ социјалните мрежи.