Италијанскиот архитект Антонио Мака го дизајнираше Sun Ray, масивен соларен колектор што може да произведе доволно енергија за 220 домови во Мелбурн, генерирајќи приближно 1.100 мегавати струја годишно пишува Inhabitat.
Дизајнот влезе во годинашниот Land Art Generator Initiative, натпреварот за дизајн во Мелбурн.
Sun Ray којшто е планиран за градот Порт Филип во Мелбурн се состои од низа со рамни огледала, секое со систем на следење поврзан со една оска, наредени во кружен облик со дијаметар од 85 метри и поставени на тенки челични столбови. Пред да биде насочена соларната енергија во градската мрежа подземен трансформатор ја претвора во електрична струја.
Освен за снабдување со енергија станарите и посетителите можат да го користат Sun Ray и како крошна за сенка, под која што можат да се одморат. Победничкиот дизајн на Land Art Generator Initiative во Мелбурн ќе биде објавен на 11 Октомври.