Продажбата на автомобили во Западна Европа се зголеми за 5,1 отсто во јуни бидејќи силната продажба во Германија, Франција и Шпанија го неутрализира падот на побарувачката во Велика Британија и Италија, соопшти денес Асоцијацијата на европски автомобилски производители (ACEA).
Регистрацијата на патничките автомобили се зголеми за 1,62 милиони возила на пазарите на Европската Унија и Европската асоцијација за слободна трговија (EFTA), што е значително повеќе во однос на 1,54 милиони регистрирани возила во јуни минатата година, според ACEA со седиште во Брисел.
Побарувачката во Франција се зголеми за 9,2 отсто, во Шпанија за 8 отсто, а во Германија за 4,2 отсто.
Спротивно на тоа, продажбата во Обединетото Кралство падна за 3,5 проценти, а во Италија за 7,3 проценти, покажаа податоци од ACEA.