Астрoноми пронајдoa 12 нови месечини околу Јупитер, од кои една е многу чудна.
Додека 11-те имаат орбита во иста насока како и нивниот најблизок сосед, една нема, што всушност ја става во фатален судир со друга.
„Вози по автопатот во обратна насока”, истакна планетарниот научник, Скот Шепард од Институтот за Наука во Вашингтон.
Шепард и неговите колеги ги пронајдоа месечините додека бараа сосема друго тело, планета која постои после орбитата на Нептун, популарно наречена Планета 9.
Научниците пронајдоа десетина објекти кои што кружат околу Сонцето заедно со Јупитер, кој по случајност тогаш бил во истото видно полe.
Дополнително истражување потврди дека тоа се месечини, од кои две во помала орбита кружат во иста насока како што Јупитер се врти, 9 што кружат во обратна насока во подалечната орбита, и една што нејасно се движи во споредба со нејзините соседи во далечните орбити на Јупитер..
За сите освен оваа, начинот на кој што се движат е нормален за Јупитеровите месечини кои сега изнесуваат 79.
Научниците веруваат дека во наредните 100 милиони години оваа месечина ќе се судри со некој од нејзините соседи.