Во Липецкиот воздухопловен центар се реализираа школски летови на ловци и бомбардери на руските Воздушно-космички сили во текот на кои авионите во воздух полнеа гориво. Ова го соопшти одделението за информирање на Министерството за одбрана на РФ, објави Руска Реч.
Повеќе од 20 екипажи се вивнаа во небо со авиони Су-35С, Су-30СМ, Су-34 и Су-24М кои полнеа гориво во парови, како дење, така и ноќе. Во воената вежба беа вклучени и акробатските групи „Руски витези“ и „Соколи на Русија“. Авионите-ловци и бомбардери полнеа гориво на висина од пет илјади метри додека летаа со брзина од 600 километри а час, приближувајќи му се на воздушниот танкер Ил-78 на помалку од 20 метри.
Како што нагласуваат од Министерството за одбрана на Русија, полнењето гориво во текот на летот овозможува да се продолжи престојот на авионите во воздух и да се обезбеди неограничено време на летот.