Корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ наутро пишуваат мирни и аналитички објави, а во текот на ноќта емотивни и импулсивни, покажа една голема анализа на твитови.
Тој модел го открија авторите на студијата од Универзитетот во Бристол, Англија, откако анализирале седум милијарди зборови во повеќе од 800 милиони пораки на „Твитер“.
Експертот за вештачка интелигенција, Нело Кристијани, и неговите колеги анализирале анонимни пораки на „Твитер“ во 54 голем градови во Велика Британија во период од четири години и ги распределиле според 73 индикатори поврзани со различни стилови на размислување.
Студијата откри дека корисниците помеѓу 5 и 6 часот наутро користат најмногу зборови поврзани со логичко размислување, интелигенција и образование.
Стилот на пишување се менува кога ќе се стемни и станува сѐ поемоционален и импулсивен, но и подружељубив. Помеѓу 3 и 4 часот наутро изразените емоции се многу помалку позитивни.
Студијата покажа дека употребата на јазикот се менува силно и очекувано во согласност со дневниот циклус на телото и се вклопува во разликите во нервонските активности на мозокот, метаболизмот и разни хормони.
Извор: Index.hr