Xiaomi го претстави новиот хибриден Mijia Quartz Watch во Кина. Однадвор, тој не се разликува од класичните хронометри, но некои од паметните функции кои ги поддржува уредот го издвојуваат. Еден од додатоците е и можноста со него да ја следите комплетната физичка активност.
Mijia Quartz часовниците имаат тркалезна форма со две стрелки кои ги прикажуваат часовите и минутите, и еден мал дел кој го покажа го бројот на чекори. Од други паметни функции има и поддршка за автоматско откривање на локалното време, известување – потсетници, дојдовни повици и будилник. Часовникот се поврзува соо смартфон преку Bluetooth 4.0, каде што може да се контролира преку посебна апликација.
Засега часовникот е достапен во три верзии: црна, сива и бела. Втората верзија доаѓа со сина лента. Истиот е водоотпорен и издржува потопување до длабочина од 30 метри. Уредот работи на батерија тип CR2430. Во Кина, Mijia Quartz Watch ќе биде достапен од 17 јули по цена од околу 52 долари, што е неколку пати поевтино во споредба со сличните решенија од конкурентите.