Mozilla ги претстави новите апликации Lockbox и Notes

Моzilla официјално ги претстави новите претставници на програмата Теst Pilot кои се викаат Firefox Lockbox и Notes by Firefox. Двете мобилни апликации се оптимизирани за iOS и Android паметните телефони. Важно е да прецизира дека тоа се уште експериментални верзии и ќе биде потребно време пред да го видиме нивниот финален дизајн и целосна функционалност. Сепак, Firefox Lockbox и Notes by Firefox ни кажуваат на какви интересни проекти работи компанијата.

Firefox Lockbox е менаџер за лозинки, кој овозможува да се лoгирате во инсталираните апликации на iPhone преку уникатен код за пристап, кој за максимална безбедност се чува во веб прелистувачот, пренесоа „TechRadar“. На овој начин, ако сте зачувале корисничко име и лозинка за Twitter во Mozilla Firefox ќе може да се најавите директно и да ја продолжите сесијата во Twitter апликацијата за iOS. Деталите се синхронизираат меѓу неколку уреди со 256-битен енкрипциски систем.

Како што сугерира името, Notes by Firefox ви дозволуваат да креирате и зачувате текстуални белешки на Android паметните телефони. Апликацијата исто така има десктоп клиент за споделување на содржината помеѓу компјутерот и мобилниот уред. Сѐ што ви треба, за да ги испробате, е да бидете дел од програмата за тестирање на Firefox, која е отворена за секого. За пристап до сите нивни функции, најверојатно ќе треба да користите Firefox Sync и Firefox Account.