Египет е познат како „лулка на цивилизацијата“ и во неговите археолошки наоѓалишта се ископани дел од најголемите откритија и историски тајни за човештвото.
Најновото откритие од дното на лулката е огромен саркофаг од црн гранит.
Локалните служби во областа Сиди Габер во Александрија наидоа на гробот при рутински археолошки ископувања на локација каде треба да се гради нов комплекс згради.
Ковчегот со димензии 185 на 265 на 166 сантиметри е најголемиот најден досега во овој град.
Она што го прави овој сакрофаг уште помистериозен и посебен е фактот дека не бил отворен 2.000 години, пишува списанието „Smithsonian Magazine“.
Ограбувачи на гробници испеале да отворат неколку околни гробници низ вековоите, но овој огромен гроб останал недопрен бидејќи бил запечатен со смеса слична на малтер.
Се смета дека гробот откриен на околу 4,87 метри под површината, датира од времето на Птоломејската династија што владеела од 305 до 30 година пред н.е.
Биста од алабастер беше најдена во близина на саркофагот, најверојатно од човекот кој бил погребан внатре, иако уште не се знае чиј е најдениот гроб.
Археолозите со децении ја запоставуваа Александрија како локалитет, поради натрупаноста на големиот град каде живеат 5 милиони жители. Меѓутоа, имајќи ја предвид непобитната историска вредност на градот, сега се прават поголеми напори за „урбана археологија“.