Загадувањето придонесува за нови 3.2 милиони случаи на дијабетес секоја година

Загадувањето на воздухот во 2016.година придонесе за нови 3.2 милиони случаеви на дијабетес.

Честички исфрлени од автомобили, фабрики како и преку хемииски реакции во атмосферата го прават воздухот потежок за дишење.

Ова загадување веќе е поврзано со болести на срцето како и дијабетес, но новото истражување за првпат покажува колку точно луѓе се жртви на ова.

Низ целиот свет загадениот воздух е одговорен за 14% од новите случаеви на заболени од дијабетeс. Фактори како генетика, тежина, активност и исхрана исто така го зголемуваат ризикот за болеста која експоненцијално се зголемува низ целиот свет.

Според Светската Здраствена Организација во 1980. година имало само 108 милиони заболени со дијабетeс тип 2 додека сега се претпоставува дека има повеќе од 422 милиони.

Процентот не е ист низ целиот свет, земји со повисок степен на загаденост (Пакистан, Индија, Кина) имаат повисока стапка на заболени од дијабетeс.