Бактерии за подобри перформанси на соларните ќелии

Микроорганизмите биле едни од првите кои го користеле Сонцето за енергија, па многу е логично да бидат искористени за креирање на подобри соларни ќелии. Истражувачите од University of British Columbia (UBC) развиле нов начин за изградба на соларни ќелии кои содржат бактерии, и истите се поефикасни од стандардните а можат да функционираат дури и при облачно и дождливо време.

Обично за да се добие „биогена“ солара ќелија вон живите организми, се извлекува бојата од бактериите која им овозможува да ја фотосинтетизираат светлината. За жал, овој процес може да биде многу сложен и да бара одредени токсчни растворувачи.

Тимот од  UBC користел едноставна алтернатива: самата бактерија. Прво генетски ја модифицирале бактеријата  E. coli  со цел во поголема мера да се добие бојата под името ликопен, што е природно ефикасна во извршувањето на фотосинтезата. Потоа, бактериите се премачкува со полупроводнички материјал и нанесени се на стаклена плоча.

Со изложување на светлина на вака подготвениот уред, тимот можел да сними густина на струја од 0,686 mА по метар квадратен, што е речиси двојно од еквивалентни богени соларни ќелии. Ќелијата успеала да функционира речиси подеднакво ефикасно и при низок степен на сончево зрачење, што би можело да биде корисно во делови од светот каде има недостаток од сончева светлина. Истражувањето е објавено во списанието „Small“.