Facebook веќе тестира реклами со проширена реалност во својот News Feed, објави компанијата на настан во Њујорк. Новата функција која е ограничена до корисниците во САД при нејзиното лансирање, ќе ви овозможи виртуелно да пробате различни елементи, вклучувајќи модни додатоци, козметика, мебел и др.
Целта е да можете да визуелизирате како изгледа производот на вас или во вашето физичко опкружување пред да го купите.
„Michael Kors“ е првиот бренд кој има AR реклами во News Feed, каде што ќе им овозможи на луѓето да гледаат различни очила, да ја користат камерата, за да ги „пробуваат“ и потоа да купат пар, ако им се допаднат – и сето тоа во рамките на реклама.
Самите AR реклами изгледаат како сите традиционални статични реклами, но тие стануваат живи кога клиентите кликнуваат или ја одбираат опцијата „Tap to try it on“.
Иако „Michael Kors“ е единствениот бренд која тестира AR реклами во моментов, Facebook вели дека повеќе ќе се вклучат во експериментот во блиска иднина, па би требало да очекувате да видите многу повеќе од овие реклами во својот „фид“ наскоро.