Facebook постои веќе долго време. Низ годините оваа социјална мрежа промени многу свои функции, така што голем дел од корисниците не ги знаат сите и не ги следат сите новости.
1. Поштенско сандаче за кое не сте знаелe
Ако имате профил на Facebook подолго време, тогаш веројатно имате поштенско сандаче полно со непрочитани пораки за кое не сте ни знаеле. Во него, најголемата социјална мрежа во светот испраќа барања и пораки за луѓе што не се наоѓаат на вашата листа со пријатели.
2. Погледнете кој ви влегол во профилот
Ако ве интересира дали некој во вашиот профил се логирал без дозвола, рецептот е едноставен. Во поставките, под опцијата „Security and report“, погледнете ја листата со уреди на кои сте логирани.
Тука можете да пронајдете и информации за градот, видот на уреди и пребарувачи, а ако некоја активност ви изгледа сомнително, можете да ја отстраните од листата.
Секој пост, порака, слика, видео, па дури и содржина на разговорите спаѓа овде. Доколку сакате да имате сѐ на едно место, по „Settings“, одете на „General“ па „Your Facebook Information“.
Ова е корисна опција ако некогаш сакате да го деактивирате вашиот профил, а и открива сѐ што Facebook знае за вас. Би се изненадиле.
На Facebook напишете „Photos liked by…“ и следете ги опциите што ви се нудат. Вака можете да погледнете сѐ што му се допаѓа на вашиот/вашата партнер/ка, пријатели, семејство, па дури и на познати личности.
Поврзани артикли