Кинеската компанија Xiaomi, која е еден од петте топ играчи на пазарот за паметни телефони, планира да создада нов глобален бренд.
Покрај тоа, според некои кинески извори, новиот бренд целосно може да го замени брендот Xiaomi кај паметните телефони.
Кинескиот производител, кој минатата недела излезе на берзата во Хонг Конг, ја регистрирал во САД трговската марка Pokofon. Се претпоставува дека компанијата ќе ги продава под овој бренд своите уреди наменети за глобалниот пазар.
Повеќето експерти на пазарот очекуваат Xiaomi да продолжи да продава смартфони и со својот бренд, но има и такви мислења, според кои, компанијата ќе се обложи целосно на новата марка.
Пореални очекувања се дека само премиум уредите Xiaomi ќе бидат продавани под името Pokofon.
Во меѓувреме, компанијата регистрираше смартфон со новиот бренд за пазарот во САД, моделот Xiaomi Pokofon со 6,21-инчен екран и двојна главна камера.
Поврзани артикли