Новиот лек го стопирал вирусот кај две третини од мајмуните заразени со ХИВ вирусот.
Научници од Харвард се надеваат дека конечно се блиску до создавање вакцина против ХИВ, 35 години по стартот на епидемијата. Со тестирањето е утврдено дека новиот лек го стопирал вирусот кај две третини од мајмуните заразени со ХИВ.
Лекот, исто така, го подигнал имуниот систем кај 400 возрасни. Само четири вакцини за ХИВ се тестирани на луѓе, поради што ова тестирање е важен пресврт, велат научниците од Харвард.
Вакцинираните мајмуни биле изложени на вирусот шест пати, а само третина од нив добиле ХИВ. Приобното име на вкацината е Imbokodo, што значи камен на јазикот на племето Зулу. Почнале тестирања и на 2.600 жени во Африка, а резултатите се очекуваат во 2021 година.
„Овие резултати се важен пресврт затоа што ни покажуваат дека вакцината го зајакнува имуниот систем кај луѓето и кај мајмуните, а кај 67% од мајмуните развила отпорност на ХИВ. Со нетрпение ги очекуваме резултатите од втората фаза на тестирањето, кои ќе покажат дали оваа вакцина ќе може да ги заштити луѓето од ХИВ“, вели професорот Ден Барух.
Научниците се надеваат дека ова ќе биде универзална вакцина затоа што е направена од неколку различни вируси ХИВ. Претходните вакцини беа ограничени на специфични региони од светот.
Според податоците на Светската здравствена организација, во 2016 година во светот имало 36,7 милиони луѓе заразени со ХИВ, од кои повеќе од 2 милиони биле деца помлади од 15 години.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли