Преку 3 чекори до твојата нова кариера во светот на iOS програмирањето
Во последниве години, програмирањето е меѓу најбараните професии во ИТ индустријата, а доказ за тоа се огромните суми на пари што ги трошат компаниите за изработка на веб сајтови и апликации. Кога станува збор за мобилните апликации, со оглед на тоа што на пазарот има поголем број на android девелопери, моментално постои огромна побарувачка од кадар на iOS програмери.
Сите кои сакаат да влезат во светот на програмирањето, но им се вртат во глава прашања од типот: „Дали можам да ја променам кариерата и да успеам во ИТ индустријата? „Немам никакви познавања во програмирање, дали ќе можам да научам повеќе од основите?“ „Немам факултетска диплома, дали ќе ми биде доволно да посетам некоја обука?“ „Дали потоа лесно ќе најдам работа?“ „Дали навистина ми се доволни неколку месеци за целосно да ја пренасочам кариерата?“ Верувале или не, на сите овие прашања одговорот е: ДА! Звучи интересно и примамливо, а ние ви претставуваме 3 чекори како најлесно и најбрзо да станете iOS програмер.
Откако веќе се одлучивте дека сакате да започнете кариера како iOS програмер, првиот чекор е да пронајдете соодветен ментор и програма преку која најквалитетно ќе го совладате овој материјал. Еден од најефективните начини е да посетувате обука, односно да присуствувате на реални часови. Токму кај нас во септември ќе започне 24 неделната iOS Академија, наменета за лица кои сакаат да навлезат во областа на iOS програмирањето и да станат iOS програмери. Со помош на оваа програма организирана од Семос Едукација и CodeWell, сите слушатели за краток временски период ќе бидат воведени во концептот, ресурсите, алатките и сервисите кои го сочинуваат светот на iOS девелоперот.
Следен е вториот и временски најдолг чекор, односно процесот на учење. Преку 24 неделната iOS Академија која стартува од септември, учесниците ќе научат да програмираат преку работа на реални продукти, ќе изработат мобилни апликации кои ќе служат како референца за нивното идно вработување и ќе ја лансираат својата нова кариера како програмери или ќе се унапредат во постоечките знаења. Учесниците самостојно ќе смислуваат иновативни решенија, а во исто време ќе бидат носители на процесот на градење комплетна и функционална iOS мобилна апликација. Уписите се во тек, а повеќе информации за iOS програмата и начинот на аплицирање можете да прочитате на официјалната веб-страница на Семос Едукација.
Третиот и завршен чекор е претворање на оваа инвестиција во долгорочен прилив на пари преку градење на кариeра како iOS програмер. По завршување на академијата, студентите ќе бидат подготвени да изработат целосно функционални iOS апликации. Огромното практичното знаење стекнато од академијата ќе можат да го искористат за да започнат успешна кариера, ќе добијат шанса за пракса или вработување во Codewell или во некоја од реномираните IT компании кои се партнери на академијата.
Доколку ви е потребна и причина плус зошто да се обучите за iOS програмер, еве неколку одлични аргументи: Затоа што луѓето сѐ повеќе стануваат зависни од својот паметен телефон, секојдневно симнувајќи нови апликации кои ќе ги забавуваат, па така iOS програмирањето е професија која нема со сигурност да исчезне, туку станува сѐ повеќе барана. Друга интересна причина е што избирате креативна професија во која ќе бидете платени за да си играте, бидејќи помеѓу вашите проекти ќе биде и создавањето на игри. Ќе програмирате во официјално „омилениот програмски јазик“ во светот, Swift. Создавате производи на платформа која всушност носи заработка, бидејќи корисниците на Аpple уредите издвојуваат дури 75% повеќе пари од android корисниците за платени апликации. Заради големиот број корисници на Apple уреди и нивната платежна моќ, побарувањата за правење на iOS апликации постојано растат, има недостаток на кадар, па оттука е логичен исход и дека се добро платени. Програмерите најчесто одлучуваат да совладаат конкретна ИТ професија самостојно или со помош на неформални курсеви, кои за релативно краток период ве учат сѐ што е потребно за да започнете кариера во таа област. Ќе најдете работа веднаш, и тоа многу солидна, бидејќи факт е дека кај нас нема невработени програмери. Тие работат во домашна компанија, за странска компанија, или пак самостојно како фриленсери.