Дајте им живот на вашите цртежи преку проширената реалност (ВИДЕО)

Проширената реалност пронаоѓа сè повеќе примени во секојдневниот живот. Таа на корисниците им овозможува да видат како нешто, кое сè уште е виртуелно и неопипливо, би изгледало во реален простор.

Одделот во Google што се занимава со експериментирање ја искористи проширената реалност за забава.

Па така, новата апликација Just a Line им овозможува на сопствениците на паметни телефони и таблети со поддршка за проширена реалност да го претворат обичното фотографирање во забавно и нереално искуство.

Доволно е само да се вклучи апликацијата, што ќе ја активира камерата и потоа на сцената што ќе се појави на заднината од уредот ќе може да се нацрта некаков едноставен цртеж.

Фотографиите и видеата можат да се снимаaт и да се споделуваат со пријатели или целни групи.

Цртежите можете да ги создавате и истовремено со вашите пријатели (со кои сте ги споиле уредите) без оглед на оперативниот систем што го користат, што е дополнителен плус за целиот проект.

Како изгледа целата постапка може да погледнете на ова видео, а апликацијата можете да ја преземете во App Store односно од Google Play Store.

Извор: Zimo.hr