Се очекува дека новиот носечки уред ќе биде наследник на Gear S3 моделот, а би требало да го носи името Gear S4 или Galaxy Watch.
Гласините за Samsung Gear S4 паметниот часовник се појавуваат веќе некое време. Претходно дојавувачот Еван Блас објави како забележал вработени во компанијата Samsung, кои носеле Gear часовници со WearOS платформа, а не со Tizen, кој ја претставува изворната платформа на Samsung. Ова е спротивно на она што сугерираа претходните извештаи за носечкиот уред. На ова треба да се додаде и дека дека дојавувачот Ice Universe неодамна сугерираше дека Samsung би можел да го донесе Gear моделот, заснован на Wear OS. Од уредот се очекува да го мери и крвниот притисок.
About Gear S4 (probably called Galaxy Watch) Based on Android Wear, 470mAh battery, PLP package, it is expected to have new UX interaction and blood pressure measurement.
— Ice universe (@UniverseIce) July 6, 2018
Според Ice Universe, новиот паметен часовник кој би требало да биде наследник на Gear S3 моделот, најверојатно ќе се вика Gear S4, но би можел и да го има името Galaxy Watch. Освен тоа, се очекува дека ќе има PLP пакет. За оние кои не знаат што е PLP, во прашање е скратеница за Panel Level Package. PLP е технологија со помош на која чиповите стануваат потенки и поевтини. Ова дава повеќе простор за имплементација на поголема батерија. Gear S4 може да има батерија од 470 mAh.
Претходните извештаи сугерираа дека Gear S4 ќе има и LTE конекција. Би можел да пристигне во две големини, различни за мажите и жените. Очекуваната објава би можела да биде на 9. август во Њујорк, заедно со претставувањето на Samsung Galaxy Note 9.