Последните измени на Facebook практично ги исфрлија од игра веб-порталите. Корисниците на социјалната мрежа кои редовно на тој начин се информираа за дневните настани, сега добиваат многу мал број на информации, а постовите на фан-странииците на веб-порталите воопшто ги нема. Она што доаѓа до корисниците главно се спонзорирани постови.
За оние на кои им е преку глава од вести, ова и не е така лоша промена, со оглед на тоа што повеќе ќе можaт да ги гледаат објавите на своите пријатели, наместо да наидуваат на нови информации.
Но, постои и група на луѓе кои сакаат на овој начин да се информираат, односно сакаат да ги следат фан-страниците за кои мислат дека им помагаат да останат информирани.
За среќа, апликацијата на Facebook е толку добро направена, што може да се прилагодува според потребите на корисниците.
Доколку сакате и натаму да читате вести на Facebook, се што треба да направите е да ја отворите фан- страницата, да го најдете копчето Following и во pop-up менито да одберете See First. Така редовно ќе ги добивате објавите од фан-страниците кои сакате да ги читате. Во моментот кога веќе не сакате да добивате информации, на истиот начин можете да ја исклучите оваа опција.
Поврзани артикли