Huawei патентираше паметен часовник во кој се сместени bluetooth слушалки. Се уште нема информации за иднината на Huawei Watch 3, односно нема официјален датум за тоа кога ќе биде пуштен во продажба, но минатата недела патентираа интересно решение кое што може да го видиме во следниот паметен часовник.
Се чини дека компанијата се колеба околу две опции за монтирање слушалки на часовникот. Првата предвидува тие да се стават во придружна капсула, а пак, втората – да се сместат во самиот часовник, прицврстени со магнети.
Покрај безжичната мрежа, слушалките ќе бидат водоотпорни и ќе имаат можност да го намалат амбиенталниот шум. Идејата е корисниците да можат полесно да извршуваат разговори.
Патентот е одобрен на 28 јуни од Светската организација за интелектуална сопственост (World Intellectual Property Organization) и ни сугерира што можеме да очекуваме од наследникот на Huawei Watch 2.
Но, дали овој патент ќе ја види светлината на денот? Huawei очигледно разгледува различни идеи за идниот паметен часовник. Во мај, тие објавија патент за гејмерски паметен часовник. Во однос на ова, се уште не се соопштува што всушност ќе биде претставено, но тоа остава отворена можност да видиме различни модели.