Ласерската пушка повеќе не е некое футуристичко оружје од научно-фантстичните филмови благодарение на кинеските научници.
Како што пренесува “South China Morning Post”, кинеските научници развиле прототип на ласерска пушка која што по димензиите е речиси иста како познатата руска автоматска пушка АК-47, попозната како „Калашњиков“.
Кинеските научници ласерското оружје го нарекле ZKZM-500, а неговата главна особина е тоа што може од 800 метри практично да запали човек. Научниците тврдат дека оружјето засега не е смртоносно, но може да предизвика сериозни изгореници на човечкото тело.
Пушката тежи три килограми и работи на литиум-јонска батерија која што овозможува испалување до 1000 „куршуми“ со испраќање на ласер до противникот на секои две секунди. Иако звучи прилично смртоносно, научниците велат дека не е така и дека оваа пушка можее најмногу да им користи на полициските единици за разбивање на толпи чија што цел е разбивање и онеспособување на противник.
Ласерските зраци се невидливи и при испукувањето пушката не испушта никаков звук. ZKZM-500 наводно е веќе подготвена за масовно производство и научниците се уверени дека ќе се најде во арсеналот на кинеската полиција и армија наскоро, иако засега не е потпишан договор со државата.
Извор: PC Press