Instagram не запира со новите опции на својата апликација. Во четвртокот најавија дека со најновата верзија на апликацијата, корисниците ќе може да прикачуваат и музика кога објавуваат Story.
Како што пишува Business Insider, оваа опција овозможува прикачување на музика или песна од која ќе може да се исечат 15 секунди и ќе оди во позадина на сликата прикачена во Story.
Понудени се неколку жанрови и песни од кои може да се избере, како и опција да се пребарува песна доколку не ви се допаѓа некоја од понудените. Од компанијата изјавиле дека се понудени илјадници песни, но листата сепак не е толку обемна како оние на Spotify или Apple Music.
За да додадете музика на вашето Story, потребно е да ја имате најновата верзија на апликацијата и откако ќе ја прикачите сликата, да го отворите полето означено со емотикон од каде ќе ви биде понудена оваа опција.