Huawei моментално е третата најголема компанија за паметни телефони во светот, а со оглед на тоа што Кинезите сакаат да бидат број еден, подготвуваат низа на новитети.
Наводно кинеската компанија планира наскоро да пласира два нови паметни телефони, а како што потврдија од самата компанија, еден од тие два телефони ќе биде првенствено наменет за гејмерите.
Дека гејмингот е во пораст и кај мобилните уреди досега сфатија во Razer, Xiaomi и Asus – од Razer својот прв гејмерски телефон Razer Phone го претставија кон крајот на минатата година, Xiaomi својот гејмерски телефон го претстави во април оваа година, додека од Asus неодамна го претставија својот прв Republic of Gamers паметен телефон кој што моментално е телефонот со најмоќен хардвер на пазарот.
Секако, од Huawei се очекува да го претстави најмоќниот гејмерски телефон чиј што најголем адут би требало да биде нивната технологија GPU Turbo – технологија која што ја зголемува ефикасноста на графичката обработка и процесирање за 60%, додека истовремено ја намалува потрошувачката на енергија за 30%.
Засега не се познати многу детали, освен тоа дека Huawei ќе го опреми својот гејмерски телефон со најновата генерација на процесорот Kirin (помоќна верзија од процесорот вграден во Р20 моделите). Покрај самиот телефон, се очекува од Huawei да претстават и периферија која што ќе се поврзува со уредот за полесно играње на видео игрите.
Освен гејмерскиот телефон, од Huawei планираат да претстават и паметен телефон кој ќе има флексибилен екран, а би требало да пристигне веќе идната година.
Таквите телефони би можеле целосно да го променат мобилниот пазар, а првиот телефон со флексибилен екран би требало да го претстави Samsung веќе оваа година.
Извор: Zimo.hr