До премиерата на Samsung Galaxy Note 9 на 9. август има повеќе од еден месец, но на интернет веќе има многу детали за можностите на уредот.

Во поканата за настанот, Samsung го става акцентот на „S Pen“, што е една главните карактеристики на моделите во серијата, но по се изгледа дека оваа година овој додаток ќе добие дополнителна функционалност.

Сега се појавија нови детали за тоа што би можеле да бидат функциите на новиот стајлус. Дојавувачот Ice Universe, кој има добро реноме кога се во прашање протечените информации за Samsung, сугерира дека S-Pen ќе има преносен Bluetooth контролер. Ова ќе овозможи контрола на репродукција на музиката, а ќе го покренува и далечинскиот тајмер.

Дојавувачот, исто така, истакнува дека во паметното пенкалце би можеле да бидат додадени и некои гејмплеј функции.

 

Не е исклучено електронското пенкало да има и други нови карактеристики, но сето тоа значи дека за својата работа ќе се потпира на вградена батерија.

Жолтата боја на испратената покана за настанот сугерира дека Galaxy Note 9 може да добие нова боја.