За првпат во историјата, научниците успеаја да просведочат и да документираат раѓање на нова планета. Фотографиите кои беа направени со помош на телескопот VLT (Very Large Telescope) ни даваат сосема нов поглед кон формирањето на планетите.
Новото откритие, велат научниците, ќе ни помогне полесно да разбереме процесот на формирање на нови планети со досега невидени детали.
Досега раѓањето на новите планети беше скриено од облаци прашина, но новото истражување предводено од научници од институтот за астрономија „Макс Планк“ конечно успеаја да „уловат“ спектакуларно јасна слика од планета која се пробива од прстенот од кој е формирана.
Сликите ја покажуваат младата планета наречена PDS 70b, како се пробива низ обвивката од материјал од кој се формираат планети која ја опколува младата ѕвезда. Планетата е оддалечена три милијарди километри од централната ѕвезда, отприлика исто колку оддалеченоста на Уран од Сонцето. Оддалеченоста на централната ѕвезда од Земјата е околу 370 светлосни години.
Црниот предел кој се гледа на сликата претставува маска која ја блокира светлината од централната ѕвезда и им дозволува на астрономите да го детектираат дискот кој се создава околу планетата. Токму таа маска ѝ овозможува на планетата да биде формирана.
„Овие дискови околу младите ѕвезди се места за раѓање на нови планети, но досега имаме забележано неколку раѓања на мали планети-бебиња“, вели Миријам Кеплер, која го предводеше тимот од научници кон ова откритие.
Поврзани артикли