Кинеската компанија Xiaomi ја зголемува својата популарност во светски рамки, но исто така и го зголемува својот опус на производи. Последниот хит на кинеската компанија е мини-електричен велосипед.
Xiaomi веќе извесно време освен со производство на смартфони се занимава и со производство на разни електични уреди. Најновиот хит е евтиниот мини-електричен велосипед со име Himo. Дизајнот е направен за да може истиот да се внесува и во јавниот превоз.
Himo е создаден исклучиво и единствено за движење во град, со батерија која може да помине 50 километри. Моќта на електричниот мотор е 250 вати. Потребно е целосно полнење од 6,5 часа за да може да издржите тура од 50 километри. Himo, исто така, може да се користи и во ноќни услови, затоа што име предно и задно светло, а управувачот е монтиран на воланот. Уредот има и заштита од прскање на кал и прашина и ги исполнува IP54 стандардите. Неговата цена е само 260 долари.