Легендарната трка Pikes Peak Hill Climb се одржува уште од далечната 1916 година, а „Фолксваген“ се впиша во нејзината богата историја. Патеката која важи за вистински предизвик за сите љубители на автомобилизмот е долга 20 километри, а возачите од 2000 метри висина се искачуваат до целта на висина од 4 300 метри.
„Фолксваген“ во октомври минатата година соопшти дека развива електричен тркачки автомобил под името I.D. R Peaks Peak и истакна дека се надева дека ќе постави нов рекорд. Автомобилот беше претставен во март, а сега ја исполни својата цел која ги воодушеви автомобилските фанатици. Зад управувачот се најде Ромаин Думас, кој патеката ја помина за помалку од осум минути, поточно неговото време изнесуваше 7:57:148.
Легендарната трка која постои повеќе од 100 години и има 156 свијоци е предизвик за секој производител на автомобили поради големата репутација. Со овој рекорд „Фолксваген“ само ја покажува насоката во која ќе се движи технологијата во иднина. Целта е да се биде што побрз, а да се направи што помалку штета врз средината во којашто живееме.