Samsung ќе го претстави следниот модел од серијата Galaxy Note на 9. август, потврдија официјално од компанијата. Настанот ќе се одржи во Њујорк, но како и обично ќе може да го следи секој што сака во живо, преку видео-стриминг на веб-страницата на компанијата или на YouTube.
Во поканата не се споменува името на Galaxy Note 9, но наместо тоа се наведува дека компанијата ќе го претстави следниот модел во премиум серијата Galaxy.
Во видеото се гледа електронското пенкало S Pen, а тоа доволно кажува што ќе видиме на 9. август. По распоред, уредот помина низ сертификација на веб-страницата на американската FCC, така што се е подготвено за продажба на новиот модел.
Од Galaxy Note 9 очекуваме процесор Snapdragon 845 или еквивалентен модел Exynos, дисплеј со дијагонала 6.38 инчи и подобрена двојна камера. Најверојатно ќе видиме и значајни подобрувања во работата на S Pen, што се сугерира од централната улога на пенкалцето во видеото од поканата.