Развојот на интернет технологиите, идеите за нивното константно надградување, секогаш доаѓа од амфитеатрите и студентските столчиња, и затоа Microsoft CEE во соработка со ФИНКИ и ФИНКИ Tech Клубот ја организираа бесплатната Microsoft Azure работилница. Поддршката на студентите и нивната редовна мотивација за растење и учење е секогаш приоритет за Microsoft Македонија.
Дводневната работилница претставуваше нешто повеќе од обични предавања каде се студираат одредени начини на функционирање, туку сите учесници се инволвираат во практични делови со кои додатно ќе ги развијат нивните вештини.
Првиот ден беше вовед во Cloud концептот и практична примена во Microsoft Azure платформата, оддржана од страна на Хајан Селмани од HASELT. Додека, вториот ден се посвети на Machine Learning алатките што се достапни во Microsoft Azure и нивна примена, оддржана од страна на Андон Драгоманов од компанијата MCA. Во текот на неговото водење на Microsoft Azure работилницата студентите креираат апликација за машинско учење со која ќе се препознаваат објектите од Скопје 2014.
Практичниот дел од работилницата во текот на понеделникот и вторникот, 25 и 26 јуни 2018 година, беше долг 6 часа, со тоа што на студентите им беа зададени вежби за реализација на знаењата, стекнати од теоретскиот дел. Истите беа спроведени во лабораториите на ФИНКИ.
Со ваквиот начин на функционирање, создавање на апликации кои отсликуваат реални решенија, не само што се откриваат нови хоризонти за развој на самата технологија, туку студентите се стекнуваат со клучни способности овозможувајќи им полесно вработување во иднина.
Поврзани артикли